Oд 14 јануари ќе се возиме по нов експресен пат од Градско до Дреново
На 14-ти јануари ќе биде пуштена првата делница од Градско до Фариш од експресниот пат Градско-Дреново, кој што е во должина од 25 километри. Со помош на овој пат, значително ќе се намали времетраењето на патување до Прилеп и Битола.
Целиот експресен пат според најавите, се очекува да биде пуштен во месец март. Исто така, интензивно продолжуваат и активностите за изградба на автопатот меѓу Прилеп и Битола, при што се очекува овој автопат во рок од три години да биде целосно завршен.