Очигледно е дека тутунарите бараат спас – СПАС ВО ВАС!

Сподели го ова:





























Вчера, делагација од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Цветан Трипуновски беше на средба со тутунопроизводителите од прилепскиот регион, каде беа поканети здруженија од областа на тутунопроизводството.

“Гледаме дека власта едноставно не е заинтересирана за решавање на проблемот со откупот на тутунот и овде правиме еден пресек на актуелната состојба во која што се наоѓа моменталниот откуп каде што можеме да констатираме дека откупот е на многу минимално ниво, меѓутоа воопшто не се задоволни од откупната цена која што е во моментов на сила.

Она што денес го предложив на состаноков, а воедно упатувам и апел до Владата на Република Македонија и до МЗШВ и Николовски, е една формула како да се поткрене цената за да биде општо задоволство и на компаниите и на земјоделците пред се, но и за државата да ја задржи оваа категорија на земјоделци која што е многу битна за целиот земјоделски сектор.

Државата преку министерството и надлежните институции од областа под итно да направат производна цена за 2023 година, на таа цена треба да се стави 30% зголемување за да имаат профит тутунопроизводителите. Ова државата може да го направи и да ја наметне таа цена преку Тутунскиот комбинат Прилеп каде што таа цена ќе биде зголема за 30% за коперантите коишто се на Тутунскиот комбинат Прилеп, овој тренд ќе го следат и останатите компании.

Дополнително и државата теба да помогне со дополнителен финанскски допринос, односно ако субвенцијата за првата категорија од 80 денари да се зголеми на 110 денари преку интервентниот фонд.

После поразот на СДСМ и ДУИ доаѓа сериозна Влада коа што сериозно ќе работи на враќање на достоинството на сите земјоделци во Република Македонија” – истакна Трипуновски.




Сподели го ова:

Слични објави