ОБЈАВЕНИ СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ: Голем дел од прилепските студенти, не се во “листата на примени” во студентските домови во Скопје
МОН денеска ги објави резултатите од конкурсот за сместување во студентските домови за бруцоши, како и резултатите од приговори за сместување во студентски домови за студентите од повисоките години.
Меѓутоа, голем дел од прилепските студенти кои студираат во Скопје, и кои аплицирале на конкурсот за сметување, ги нема во овие листи. До нашиот информативен тим се обратија неколку прилепски студенти кои што истакнуваат дека иако ги исполниле сите услови, сепак не биле на листата на примени студенти во студентските домови во Скопје.
Целосната листа на објавените резултати, може да ја погледните на следниот линк:
