Објавени се листите со примени студенти од втора и повисоките години на студии во студентските домови, а аплицирањето за бруцошите започна вчера

Сподели го ова:




Министерството за образование и наука ги објави листите со примени студенти од втора и повисоките години на студии во студентските домови, а аплицирањето за бруцошите започна вчера.Студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите. Додека, приговори по однос на резултатите се доставуваат до Министерството за образование и наука („ул. Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје), заклучно со 10 септември 2021 година.Аплицирањето за студентите од прва година на студии започнува на 6 септември и трае до 24 септември 2021 година. За бруцошите се предвидени 1.249 места во студентските домови.





Сподели го ова:

Слични објави