Нови двајца прилепчани починаа како резултат на Ковид 19

Сподели го ова:


Во последните 24 часа се направени 2.628 тестирањe, а регистрирани се 299 нови случаи на КОВИД-19, од кои 5 од Прилеп. Пријавени се 32 починати лица: 5 починати лица од Гостивар (61г,61г,64г,81г и 82г), по 4 починати лица од Скопје (34г,57г,68г и 70г), Тетово (49г,56г,75г и 85г) и Кичево (55г,66г,72г и 72г), 3 починати лица од Струга (73г, 76г и 82г), по 2 починати лица од Куманово (50г и 70г), Прилеп (32г и 75г) и Штип (72г и 87г), и по едно починато лице од Струмица (54г), Гевгелија (50г), Кочани (64г), Радовиш (62г), Охрид (77г) и Делчево (72г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Регистрирани сe 545 оздравени пациенти.Досега во земјата се направени вкупно 1.152.327 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.624, бројката на оздравени пациенти е 155.646, на починати е 5.901, а бројот на активни случаи изнесува 14.077.





Сподели го ова:

Слични објави