Нови 20 лица од Прилеп заболени од Ковид 19

Сподели го ова:




Во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаина КОВИД-19, од кои 20 се од Прилеп. Исто така на ниво на држава регистрирани сe 891 оздравени пациенти од кои 18 пациенти се од Прилеп. Во однос на бројот на починати врз основа на последните податоци се починати нови 17 лица на ниво на држава од кои 2 починати лица се од Прилеп на возраст од 75 и 64 години, и истите се починати во болнички услови. Досега во земјата се направени вкупно 1.258.133 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622 бројката на оздравени пациенти е 168.700, на починати е 6.489, а бројот на активни случаи изнесува 12.433.





Сподели го ова:

Слични објави