Нова – современа медицинска опрема во Општа Болница – Прилеп
Од денес, во прилепската болница е пуштен во употреба нов модерен стерилизатор со пареа – автоклав, од реномираниот бренд PROHS.
Оваа инвестиција претставува голем чекор напред во подобрување на здравствените услуги што ги нудиме. Се работи за високотехнолошки вакум автоклав кој после цели 20 години ја обновува стерилизационата опрема во болницата.
Со оваа нова опрема значително се унапредува квалитетот на стерилизацијата, што придонесува за намалување на болничките инфекции и подобра заштита на пациентите и здравствениот кадар. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 5.848.080 денари – вложување во посигурно и поефикасно здравство! – истакнаа од прилепската болница.
