Нова, неочекувана промена на времето! Еве какво ќе биде времето за првомајските празници
Утре на први мај ќе имаме студено време, проследено со пониски температури за 10 степени. Во текот на утрешниот ден времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Исто така ќе има и услови за повремени врнежи од дожд.
Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе го достигне 16-от степен.
