Николсоки: Динамиката на изградбата на автопатот Прилеп-Битола е одлична, работиме со одлично темпо
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика а првите километри од новата автопатска делница, се очекува да бидат готови веќе следната пролет.
“Динамиката на изградбата на автопатот Прилеп-Битола е одлична, работиме со одлично темпо, роковите ќе бидат запазени. Очекувам веќе следната пролет да ги имаме првите километри автопат на овој потег, што многу ќе значи за движењето, за економијата и за поврзувањето не само на Прилеп и Битола, туку и на општините Могила и Новаци, како и на Ресен и Демир Хисар“– нагласи денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
