Непребол: Во недела се навршуваат 45 години од раѓањето на Тоше Проески
Под мотото „Тоше живее во песните, во срцата и во вечноста“ Ве покануваме на одбележувањето на 45-от роденден на нашиот ангел Тоше Проески.
Тој нè научи на љубов и несебичност. Во негова чест, овој пат се обединуваме преку пишаниот збор и хуманоста на дело.
Придружете ни се на промоцијата на новата книга посветена на Тоше, а воедно покажете ја вашата благородност на крводарителската акција во соработка со Црвен крст – Крушево.
Хуманоста нема граници, исто како и споменот за него.
