Нема решенија од состанокот на историската комисија

Сподели го ова:




Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања, веќе втор ден ја продолжи дискусијата за спорните прашања околу историјата. Меѓутоа и оваа средба најверојатно е безуспешна. Во однос на Комисијата, сеуште е актуелна оставката на професорот Ванчо Ѓорѓиев кој потврди дека се повлекува од Комисијата поради политички притисоци, а ваквата негова изјава предивика, и сеуште предизвикува голема бура од реакции. Во однос на бугарското вето, бугарскиот претседател Радев призна дека Софија е изложена на еден жесток притисок од страна на европските партнери се со цел за да Бугарија се откаже од ветото за нашата земја.

Како што објави stanica.mk во претходните објави, средбата на оваа комисија е во изборен период кога во Бугарија во тек е кампањата како за претседателските, така и за предвремените парламентарни избори, што се закажани за 14 ноември. На претходниот состанок кој што се одржа во јуни оваа година, од македонскиот тим потенцираа дека на последната средба ги имале најтешките разговори кои што биле до досега. На првиот ден тема на дискусија тогаш беа учебниците за учениците по историја, како и усогласувањето на сите оние препораки за нивно подобрување. Во однос на ова, двете страни разменија неколку предлог идеи како да се изнајде конкретно решение, меѓутоа сето тоа денес е без успех. Иако двете комисии од македонска и бугарска страна најавуваа дека ќе изнајдат решение за проблемот, тоа најверојатно нема да се случи до декември, бидејќи сега е изборен период во двете земји, и политичарите кои моментално се на власт во Македонија и Бугарија, најавуваат се и сешто во корист на сопствената земја, се со цел прибирање на политички поени.





Сподели го ова:

Слични објави