Неколку дена нема да сообрајќаат автобусите од прилепскиот градски превоз –
Од денеска па се до среда, автобусите од прилепскиот градски превоз нема да возат на сите три постоечки линии. Веста е потврдена и преку известување на официјалната страна од “Автобуски градски превоз” – Прилеп во кое се вели: Поради протест автобусите нема да возат на сите три линии до среда 27.08.2025 година.
