Некои компании имаат душа која е голема “како планина”! “Авто Контрол” повторно во хумана мисија! Овој пат донираше на Детското одделение во прилепската болница

Сподели го ова:





























Општествено одговорната компанија “Авто Контрол” од Прилеп, повторно се впушти во хуманитарна акција. Имено, Генералниот менаџер на оваа компанија, Даниела Перканоска, донираше лаптоп на Детското одделение во прилепската болница “Борка Талески”.

Како општествено одговорна компанија, ние веруваме дека секој мал чекор кон подобрување на заедницата има големо значење. Денес со особена чест и радост донираме лаптоп на Детското одделение во болницата “Борка Талески” од нашиот град, со надеж дека ќе придонесе за олеснување на работата на медицинскиот персонал и ќе донесе насмевки на лицата на најмладите пациенти. Грижата за заедницата е наша заедничка одговорност, и ние ќе продолжиме да даваме поддршка таму каде што е најпотребно. Благодарност до целиот тим на општа болница “Борка Талески за нивната посветеност и грижа за децата, истакна Перканоска.

Повеќе од очигледно е дека некои луѓе и компании имаат душа која е голема “како планина”, при што постојано донираат во вистинско време и на вистинско место – секогаш онаму каде што е најпотребно!




Сподели го ова:

Слични објави