Некои го поддржуваат ставот на Филипче, а некои пак го исмеваат

Сподели го ова:


Во однос на тоа дали треба да се прими вакцина, и колку истите се ефикасни, еве што изјави минисатерот за здравство на социјалните мрежи: “Јасни се препораките дека природниот имунитет после прележување на болеста, со тек на време се намалува и вакциналниот е оној којшто е потраен. Во таа смисла, Американскиот центар за контрола на болести тоа го укажува, Светската Здравствена Организација тоа го укажува, според препораките 10 дена после тестирањето кај асимптоматските пациенти се препорачува вакцинација. Значи, сите препораки одат кон тоа за што пократко време, луѓето да се имунизираат. Точно е дека има студии коишто препорачуваат и коишто констатираат дека луѓето, граѓаните имаат имунитет и после 5-6 месеци по прележувањето на болеста, дури студии и после 8 месеци, меѓутоа природниот имунитет се намалува. Имајќи предвид дека имаме препораки за што поскоро вакцинирање битно е граѓаните да се вакцинираат и за што пократко време да се постигне колективен имунитет. Не можеме веќе да чекаме и да се соочуваме со нови бранови, а низок процент на вакцинација. Тоа е логиката и за препораката од 45 дена по прележувањето граѓаните да се вакцинираат. Нема зошто да се одложува вакцинацијата, а бенефитот е подигање на колективниот имунитет, за целосно да се смени сликата со пандемијата”-истакна Филипче на социјалните мрежи. Врз основа на ова следуваа редица коментари според кои дел од граѓаните го поддржуваат ставот на Филипче, а некои пак не. Во низата на оние кои не го подржуваат неговиот став се најде и коментар според кој што: Пола докторска фела се смее на теорииве”.

.





Сподели го ова:

Слични објави