Нека е за убаво! Во недела во с. Манастирец ќе се подигне и освети нов голем крст!

Сподели го ова:





























Манастирот “Св. Апостоли Петар и Павле” – с.Манастирец, со голема радост ве известува дека во недела, 13 април 2025 година, ќе се одржи чинот на подигање и осветување на светиот крст.

На овој свечен и благословен ден, се покануваат сите верници и добродушни луѓе да им се придружат во молитва и заедничка радост.

Програма на настанот:

11:00 ч. – Осветување и исправување на Чесниот Крст

По завршување на обредот – Заедничка трпеза и дружење

Да бидеме заедно во овој свет момент и да побараме благослов од Господ Бог за здравје, мир и благосостојба за сите. Добредојдени сте сите! – порачуваат од Манастирот.




Сподели го ова:

Слични објави