Не пропуштајте! Вечерва Милица Павловиќ на “Пиво Фестивалот” во Прилеп
После вчерашниот прв одличен ден од најновото издание на “Пиво фестивалот” во Прилеп, Ве покануваме и овој викенд да бидете дел од најголемата летна манифестација во Република Македонија. Повелете во Прилеп, заедно да создадеме уште едно незаборавно издание на Пиво Фестивалот!
Врвна музичка програма, ладно пиво, највкусната прилепска скара и незаборавна атмосфера!Вечерва, Милица Павловиќ ќе биде ѕвезда на вечерта на “Пиво Фестивалот” во Прилеп. Со својата неверојатна енергија, врвна продукција и хитовите што ги знае целиот регион, Милица ветува вечер за паметење и незаборавна забава под отворено небо во срцето на Прилеп.
Подгответе се за спектакуларен настап, одлична атмосфера, ладно пиво и илјадници насмевки на најголемата летна манифестација во Македонија!
