Не дозволувајте облачното време да ви го расипе расположението! Денеска не очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи
Денеска ќе имаме променливо облачно и нестабилно време проследено со локален пороен дожд и грмежи. На некои места во нашата земја процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер над 60 километри на час и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.
Без разлика на прогнозата, не дозволувајте облачното време да ви го расипе расположението!
















