НАШЕТО МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ! Марија Стојческа од Финска со својот извонреден глас ја препеа “Заветна” – слушнете колку моќно звучи песната!
Крушевчанката Марија Стојческа која живее во Финска, долги години преку македонската песна ја негува историјата на македонскиот народ. Марија, во Финска има завршено две музички училишта, а уште од многу мала е посветена на музиката. Имено, оваа 21 годишна девојка со својот глас ги освои симпатиите на голем број македонци и тоа веднаш, штом вчера на својот Youtube канал го објави видео записот за нејзиниот кавер – за песната “Заветна”. Музиката и текстот на песната се дело на Пепи Бафтиросвски, а аранжманот за песната го изработи Рубин Димкоски во неговото “R- Music Studio”. Видео записот се снимаше во легендарното Крушево, а истиот го изработи FUN production – Zoran Pilata.
Марија заедно со нејзиниот менаџер Гоце Балада, работат при избор на нови кавери, новокомпонирани песни, нови музички проекти и настапи низ Македонија. Оваа 21 годишна девојка не заборава на своите македонски корени, туку напротив, ги негува и ги оживува во нејзините песни.
Преку нејзиниот глас се отсликува нејзината внатрешна душевна убавина, која доаѓа до израз преку нејзините песни, кои како непресушен извор извираат од нејзиното бисерно грло.
Во прилог, погледнете го видео записот – каверот за песната “Заветна”, а воедно слушнете го гласот на овa наше македонско девојче кое долги години живее во Финска.
