Направени се неколку клучни реконструкции во ООУ „Кочо Рацин“-Прилеп

Сподели го ова:





























Во ООУ „Кочо Рацин“ летниот распуст беше искористен за реконструкција односно промена на подовите во училиштето и училишните ходници а во периодот што следи е предвидена реконструкција на скалите во училиштето, вкупната вредност на овој проект изнесува 2 700 000 денари.

Исто така раководството на училиштето во соработка со МОН и Локалната самоуправа извршија комплетно уредување, опремување и адаптација на кабинетите по информатика, физика и хемија и биологија. Покрај другото, се изврши и санација на дел од старата ел. мрежа во училиштето во населбата Рид за што беа издвоени 50 000 денари.

Градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, пред стартот на учебната година во рамките на предвидените активности за посета на сите училишта во општина Прилеп и увид во реализираните реновирања истакна:
„Овие инфраструктурни уредувања и тековни активности кои ги реализираа училиштата за подобрување на условите за работа и одвивање на наставно-образовниот процес, се суштински важни за квалитетно образование на нашите деца. Децата и нивното образование се наш приоритет” – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави