Најверојатно учениците ќе имаат зимски распуст од два месеци, доколку Владата не им помогне на училиштата во однос на плаќањето на високите сметки за струја


Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, во текот на денешниот ден на својот Фејсбук-профил објави дека Владата и ЗЕЛС треба заедно да изнајдат прифатливо решение за надминување или пак ублажување на енергетската криза во училиштата.

Од друга страна, граѓаните го оправдуваат барањето од страна на директорите на училиштата, Владата да помогне во однос на надминување на високите сметки за електрична енергија во образовните институции, сметки кои што оваа зима се очекува да достигнат рекордно високи суми.
















