Најмалку десет загинати во Тетовската модуларна ковид болница како резултат на пожарот кој избувна вчера вечерта

Сподели го ова:




Според официјални-потврдени информации, најмалку 10 лица ги загубија своите животи како резултат на пожарот кој ја зафати вчера вечерта Тетовската модуларна ковид болница, меѓутоа овој број се очекува и да порасне. Во моментот на несреќата во болницата имало вкупно 28 пациенти, од кои дел изгореле во пожарот за своите кревети, а дел биле евакуирани од страна на медицинскиот персонал при што евакуираните пациенти биле веднаш префрлени во Скопје. Инаку пожарот речиси до темел ја изгоре Тетовската модуларна ковид болница, каде остана само изгорената пластика да сведочи за големата трагедија која се случи доцна синоќа.





Сподели го ова:

Слични објави