Книжарница “MM Print” – Прилеп секогаш во чекор со времето и современите модни – училишни трендови!
Целокупниот училишен прибор во Прилеп ќе го најдете на едно место- во најдобро снабдената книжарница “MM Print” која што како што знаете се наоѓа на вториот кат во трговскиот центар (тунелот) во населба Точила.
Во “MM Print” ќе најдете секаков вид на училишен прибор по најпристапни цени во градот, а исто така доколку ги посетите, самите тие покрај модерниот школски прибор ќе ви понудат и разни видови на училишни помагала како и додатоци за вашите компјутери и мобилни телефони. Специјално само за вас, и оваа година кај нив ќе најдете: најубави ексклузивни тетратки во пастелни бои, тетратки надополнети со златни блескави елементи, тетратки со популарните ликови од цртани филмови, како и шарени тетратки со апликации, се со цел да биде задоволен сечиј вкус и возраст!
Исто така во “MM Print” ви нудат и дополнителни услуги како фотокопирање, печатење, укоричување, сервис за вашите компјутери, и што ли уште не! Што се однесува пак за вашите свечености и незаборавни мигови, специјално само за вас изработуваат секакви модели на чоколади за почестување, вина за вашите крштевки, родендени и останати прослави, а исто така во “MM Print” ги прават и најсовремените покани за вашите родендени, крштевки, свадби и други останати свечености.
Не чекајте ниу миг! Повелете во “MM Print”!
“MM Print” – секогаш во чекор со времето и современите модни – училишни трендови!
