Најбараниот “доктор” за електрика на автомобили – ЛАЛО, веќе од 1-ви декември ќе биде главен мајстор во Авто Контрол – Прилеп
Кога станува збор за квалитетот, сигурноста и безбедноста, тогаш несомнено станува збор за ”Авто Контрол”, најсовремената станица за технички преглед и најмодерниот сервис на моторни возила, каде што задоволството на клиентите се става на прво место! Она што е ново од Авто Контрол – Прилеп е тоа што веќе од 1-ви декември во нивниот тим влегува докажан „доктор“ за електрика во автомобилите. Станува збор за Владимир Милошески – Лало, за кој што не треба многу да се зборува, бидејќи за него зборуваат неговите “мајсторски дела” кои го дефинираат како „доктор“ за електриката во автомобилот, и одличен мајстор со повеќе од 30 годишно искуство во авто електриката.
„Сега целото мое знаење и над 30 годишно искуство со авто електриката ќе го вложам тука. Со овој занает започнав да се занимавам уште во далечната 1988 година. Наредната 89 та се вработив во Центро Промет каде бев до 1994 г, но веќе од 92 рата започнав со поправки на автомобили по работното време. Во 1995 тата го отворив својот сервис „Шампион“ покрај градската река во Прилеп, а во 2008 та својата работилница ја преместив во Здружението на возачи. Сега сервисот Шампион згаснува и се фузира со сервисот на Авто Контрол,“ -истакна мајстор Лало.
Главната идеја на Авто Контрол – Прилеп, е непрекинато да продолжи со врвниот квалитет и професионалните услуги, бидејќи тие само така знаат да работат – професионално, чесно и одговорно!!!
„Ни претставува голема чест и задоволство што искусен мајстор каков што е Владимир Милошески Лало ја прифати понудата да биде дел од нашиот тим. Од први декември тој ќе биде главен сервис мајстор во Автор Контрол. Целата идеја е компанијата да продолжи да биде лидер во оваа дејност по која што е препознатлива заедно со техничките прегледи и сервисот на возилата. Задоволниот муштерија и задржување на квалитетот на услугите и понатаму ќе биде нашиот императив,“ – истакна Даниела Перканоска – генералениот менаџер на “Авто Контрол” – Прилеп.
Професионалното работење на Авто Контрол – Прилеп, направи тие да бидат најсовремената станица за технички преглед, и да се искачат високо на врвот!