На секоја лага и доаѓа крај! Директорот Степановски со реално објаснување зошто во Битола се движат камиони од охридски Комуналец

Сподели го ова:





























Директорот на “Комуналец” Битола, Горан Степановски, објасни зошто камиони од охридски Комуналец се движат низ Битoла.

“Во врска со последната објава на советникот Иван Чулакоски, кој е „загрижен“ поради движењето на камиони на ЈП КОМУНАЛЕЦ Охрид низ Битола, ја информираме јавноста дека: Двете Возила на ЈП КОМУНАЛЕЦ Охрид се на метан и единствената соодветна бензинска станица во регионот каде што можат да наполнат метан е лоцирана токму во Битола. Се работи за редовна, логична и економски оправдана пракса, а не за некакво „сомнително“ или „загрижувачко“ движење. Очекуваме во иднина повеќе сериозност”, порача Горан Степановски, директорот на ЈКП Комуналец – Битола. 




Сподели го ова:

Слични објави