На прилепчани не им е до шега – “шала”, вратете им ја УНИВЕРЗАЛНА САЛА!

Сподели го ова:





























Универзалната сала во Прилеп, не смее да остани заклучена и празна. Ваквиот проблем треба што поскоро да се реши. Тоа е желбата на голем број прилепчани. Универзалната сала беше местото каде што до пред да се затвори, голем број на наши сограѓани го остваруваа својот спортски сон.

Колку за потсетување, минатата година се покрена и една иницијатива за повторно пуштање на универзалната сала во Прилеп, меѓутоа од надлежните институции засега нема резултат.

Спортските работници од нашиот град, клубовите, поранешни и сегашни спортисти, здруженијата како и Сојузот на училишни спортови, во февруари минатата година остварија и еден состанок со прилепскиот градоначалник кој што ја поддржа петицијата, со која до ЈП АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор и преку медијаторство на Агенцијата за млади и спорт, се бараше да се реши техничкиот проблем, и на било каков начин да се стави во функција Универзалната сала во Прилеп.

На ред се надлежните државни институции конечно да го решат овој спортски проблем со кој се соочуваат прилепчани.




Сподели го ова:

Слични објави