На плажа во Охрид од гром повредени 13 лица

Сподели го ова:




Денеска на Охридската плажата „Оревче“ околу 15 часот беа повредени вкупно 13 лица од удар на гром, при што веднаш на лице место пристигнала и екипа од Брза помош. Од вкупно 13 лица од кои најголемиот дел се од Битола и Ресен, пет лица се здобиле со изгореници како последица од ударот на громот, при што веднаш биле пренесени во болница. Што се однесува до останатите осум лица тие имале манифестација на тахикардија, зуење во ушите и уплав, при што истите тие сами се  јавиле со свои возила во болница. Инаку денес на плажата „Оревче“ свој настап требаше да има Мирко Попов и Роботек, меѓутоа како што информираат од Фејсбук страница од плажата „Оревче“ овој настан е откажан поради променливото и дождливо време“.





Сподели го ова:

Слични објави