На Клиниката за кардиологија за првпат е воведена револуционерна метода на радиофреквентна аблација на преткоморна фибрилација со помош на 3Д мапинг систем

Сподели го ова:




Деновиве на Клиниката за кардиологија за првпат беше воведена револуционерна метода на радиофреквентна аблација на преткоморна фибрилација со помош на 3Д мапинг систем. Станува збор за минимално инвазивна техника, а со помош на оваа интервенција се намалуваат компликациите од откачување на тромб што можат да предизвикаат и мозочен удар. Намалувањето на компликациите со процент на непосредна успешност е од 95 до 99 отсто. Кај повеќе од 80 отсто од пациентите, по оваа метода не се забелжува повторно јавување на аритмија во период и после една година. Претходно за ваквите интервенции пациентите беа испраќани на лекување во странство. На УК Клиниката за каридологија методата ја изведуваа аритмолози-електрофизиолози и интервенциите со сто отстотна успешност. Денеска, додека во тек беа дел од процедурите имав прилика да поразговарам и со младите колеги на Клиниката кои беа доволно љубезни да ми ја презентираат новата метода.





Сподели го ова:

Слични објави