На денешен ден пред 44 години, во прилепската болница е роден Тоше Проески – ѕвездата со ангелски глас!
Денеска, 25 јануари се одбележуваат 44 години од раѓањето на Тоше Проески. Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна уште во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.
Неговиот живот заврши пред 16 години на 16.10.2007 година, во годината која што Тоше одбележуваше 10 години успешна кариера. „Ангел си ти“ – под тоа име, денеска сабота на 25-ти јануари ќе се одржи традиционалниот музички настан во чест на роденденот на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.
Организаторите од „Спомен куќата на Тодор Проески“ најавуваат голем број на различни активности кои ќе се организираат во спомен на Тоше. Настанот започнува во 9 часот кога Општинската организација на Црвениот крст од Крушево го има закажано почетокот на крводарителската акција, која ќе трае до 16:00 часот.
