МВР: Приведен криминалец од Прилеп по распишана централна потерница

Сподели го ова:




На 17.08.2021 година од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево во Скопје  е лишен од слобода К.Т.(48) од  Прилеп, за кого била распишана централна потерница за доиздржување на казна затвор во Прилеп. Притоа, при извршена контрола кај него се пронајдени алати и предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со извршени кривични дела и тие се предадени за вештачење. К.Т. е спроведен за доиздржување на затворската казна во Прилеп, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.395 ст. 3 „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“ од Кривичниот законик.





Сподели го ова:

Слични објави