МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели

Сподели го ова:


МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е континуирана будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 23.08.2021 до 07.00 часот денеска (24.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 534 полициски службеници, реализирани 204 мото-патроли и користени 162 моторни возила. На терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.





Сподели го ова:

Слични објави