Музичкото училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ – Прилеп со важна информација за своите идни ученици
Музичкото училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ е подготвено за најмладите музичари! Ова училиште продолжува со упис на нови ученици за учебна 2025/26година за повеќе инструменти.
“Ве известуваме дека нашето училиште продолжува со упис на нови ученици за учебна 2025/26година за следните инструменти:
-ФЛЕЈТА
-КЛАРИНЕТ
-САКСОФОН
-ТРУБА
-ХАРМОНИКА
-НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ
(се запишуваат ученици од 4то и 5то одд во учебната 2025/26 год)
-СОЛО ПЕЕЊЕ
(се запишуваат ученици од 7мо и 8мо одд во учебната 2025/26 год)
Уписот продолжува од 25.08.2025 година, секој работен ден од 09.00 – 13.00 часот.
Потребни документи за упис
-Пријава (се добива во училиште)
-Копија од извод на родени од ученикот” – известуваат од државното музичко училиште.’
