Моментално во нашата земја активни се 5 пожари

Сподели го ова:




Како што истакнуваат од ЦУК- “Денеска (до пладне, 02.08.2021), Ситуациониот центар при Центарот за управување со кризи, согласно известувањата од дежурните Регионали центри за управување со кризи известува за неколку активни пожари во државата и можни заришта:РЦУК – Струмица, известува дека шумскиот пожар кај м.в. „Погана“, Општина Валандово, е се уште активен, но е „пресечен“ од силите за гаснење и не се шири. Нема активно горење, само на неколку места има догорување. Целосно е обезбедена линијата со луѓе. Во гаснењето на пожарот учествуваат ТППЕ Валандово со 5 пожарникари и 2 пп возила , 20 лица од Ш.С. Саланџак Валандово и екипа на ДЗС Валандово.РЦУК – Куманово, известува дека пожарот којшто е во просорот на тромеѓето помеѓу селата Степанце, Жегљане и Малотино е се уште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, сува трева, црн бор, и багрем на поголема површина. Во гаснењето на пожарот интервенираат 9 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Старо Нагоричане, 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Куманово, 2 лица од ШС Куманово, 3 лица од месното население. Од утрово во гаснењето на пожарот е вклучен и хеликоптер на АРСМ. Во моментот, кон средината на денот, на теренот има ветер со променлив правец, бидејќи дел од пожарот се простира на непристапен терен и има многу суви граники гаснењето на пожарот е отежнато. Со расположливите средства и луѓе, кои се на терен, се прават максимални напори пожарот да се обиколи и да се стави под контрола за да не дојде до негово проширување.РЦУК – Охрид, известува дека пожарот, којшто вчера попладне избувна над селото Делогожда, Општина Струга не е целосно локализиран затоа што е на непристапен терен и во најголем дел гори сува трева. Екипи од ТППЕ-Струга утрово излегоа на терен и утврдиле дека се уште има малку чад. Тие денес ќе патролираат на терен се со цел да не дојде до негово проширување.РЦУК – Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Битола во која се наведува дека во 09:30 часот е започнат нов пожар на сува трева на рид над млинот во с. Лознани, Општина Могила. Пожарот се проширува во правец на атари на селата Ивањевци и Новоселани. Во гаснењето на пожарот интервенираат 5 пожарникари со 2 ПП возила. За настанатата состојба известени се ЕЛС Могила, ДЗС Битола, ШС Кајмакчалан Битола и СВР Битола. РЦУК – Штип, известува дека од 10:15 часот, ТППЕ Пробиштип се наоѓа на терен кај с. Лезово, месност Воденица, и единицата има интервенција на веќе евидентиран пожар на сува трева и нискостеблеста вегетација. Инаку, пожарот се повторува во неколку наврати”-соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

1500+ Fire Pictures | Download Free Images on Unsplash




Сподели го ова:

Слични објави