Моментална состојба со пожарите во Прилеп

Сподели го ова:




Во с.Ракле останати се уште 5 лица, а интервенираат 7 пожарникари од ТППЕ Прилеп и 10 лица од месно население. Вчера околу 19:45 часот добиена е информација дека пожарот го префрлил регионалниот пат Прилеп – Градско и се шири кон с.Радобил.Пожар на потегот с.Дрен – с.Смолани (општина Прилеп) во кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка е со јак интензитет. На истиот локалитет има и еден приземен пожар на м.в.Мањов Дол, каде гори нискостеблеста дабова шума. Интервенираат 3 пожарникари на ТППЕ Прилеп и 2 лица од месно население, како и 7 вработени од ШС Црн Бор Прилеп.





Сподели го ова:

Слични објави