Модуларната болница во Тетово сеуште останува под полициско обезбедување 24/7

Сподели го ова:




Модуларната тетовска болница сеуште е под полициско обезбедување 24 часа на ден. Сеуште се чека да пристигне германскиот експертски тим и да утврди кој е виновен за појавата на пожарот во тетовска болница. Имено, сеуште не е познат севкупниот број на истражители кои што ќе бидат дел од тимот за обезбедување на форензичките докази за причините на настанувањето на пожарот во тетовската болница. Што се однесува пак до нашето обвинителство самото тоа презема мерки се со цел за целосно обезбебдување на видео-снимките од болницата во Тетово, како и обезбедување на целокупниот објавен видео-материјал. Што се однесува пак до снимките, тие се вештачат по врз основа на веќе издадените наредби од Обвинителството, а во исчекување се и извештаите од нивната спроведена анализа, кои се очекува да помогнат во процесот на целосно расчистување на случајот.





Сподели го ова:

Слични објави