MINT Fintech Group ги додели годишните признанија на традиционалната „Ноќ на оскарите“
Успехот на една компанија не се мери само преку бројки, резултати и раст. Тој се мери и преку луѓето кои секојдневно ги создаваат тие резултати.
Токму затоа MINT Fintech Groupи оваа година ја организираше традиционалната „Ноќ на оскарите“, настан посветен на вработените кои со својата посветеност, професионалност, креативност и тимски дух оставиле значаен белег во работењето на компанијата во текот на 2025 година.
Во рамките на свеченоста беа доделени признанија во повеќе категории, а за Менаџер на годината беше прогласена Елена Матеска.
Годишните признанија за 2025 година ги добија:
* Елена Матеска – Менаџер на годината
* Ивана Талевска – Личност на годината во Back Office
* Виктор Дамчевски – Личност на годината во сектор Продажба
* Правна служба – New Star
* Александар Сирета – Креативна личност на годината
* Ангела Димовска – Минтист на годината
* Валдета Мусаи Фејзуловска – Минт Тимски играч
* Виолета Ѓорѓиевска – Омилена колешка на годината
Посебно место во програмата имаа и признанијата за работен јубилеј. Дијаманти за пет години лојалност, професионален развој и придонес во растот на компанијата добија Орхан Максудов, Ева Ружин, Јане Ангелевски, Анита Цветковска, Даниела Тодорова, Емилија Добрушевска, Васко Донески, Александар Угриновски и Дијана Трајковска.
На настанот беше доделен и посебен Орден за храброст на Светлана Сотировска, признание кое симболизира сила, истрајност и личен пример што инспирира.
Од компанијата велат дека „Ноќ на оскарите“ претставува повеќе од традиција, таа е дел од корпоративната култура на MINT и начин да се оддаде признание на луѓето кои стојат зад секој реализиран проект, секоја иновација и секој деловен успех.
„Компаниите можат да инвестираат во технологии, процеси и инфраструктура, но нивната вистинска вредност секогаш се луѓето. Затоа оваа вечер е посветена токму на нив, на оние кои секојдневно ја градат приказната на MINT“, истакнаа од компанијата.
Со повеќе од една деценија континуиран раст и развој, MINT Fintech Group продолжува да инвестира во својот најважен капитал – луѓето.
