Министерство за транспорт: Континуирано се чистат патните правци каде паѓа снег
Сите патни правци во нашата земја се проодни, при што сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози. Сите патни правци каде што паѓа снег континуирано се чистат со координирани активности на ЈП „Македонија пат“ во соработка со Министерството за транспорт.
Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно екипирани и со цела механизација и работна сила на терен вршат континуирано чистење на државните патишта – информираат од Министерството за транспорт.
