Министерот Љутков за новиот театарски простор во Прилеп: Сцената 105 доби вистински нов почеток
Синоќа на Сцената 105 во театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, се одигра премиерата на „Црнила“ во режија на Дејан Пројковски. Отворањето на новиот сценски простор помина со силна енергија и одлична изведба.
“Актерите ја донесоа приказната јасно, моќно и искрено, а публиката ја почувствува тежината и актуелноста на темите што ги отвора Чашуле. Големи честитки за целиот тим за трудот, ентузијазмот и за тоа што со оваа премиера Сцената 105 доби вистински нов почеток” – порача министерот Љутков.
