Денес министерот за култура и туризам Зоран Љутков беше во работна посета на Битола со цел да се запознае со актуелните состојби во културните установи. Директно од директорите на Центарот за култура, Влатко Илиевски, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, Зоран Николовски и Народниот театар, Васко Мавровски беше информиран за текот на реализацијата на одредени проекти. На средбите присуствуваше и Тони Коњановски – градоначалник на општина Битола.
“Заводот за заштита на спомениците и музеј-Битола активно работи на обновата на нашето културно наследство.
Инвестиции од 1,2 милиони денари за реставрација на предната фасада на објектот;
1,4 милиони денари за уредување на дворот и лапидариумот;
Реновирана е сувенирницата која е од особено значење за туристичката понуда на градот;
Превземање на наследството на Кирил Македонски по повод 100 години од неговото раѓање, 200 000 денари;
Целосно реновирање на музејската поставка со 2 милиони денари.
За археолошки истражувања издвоивме:
1 милион денари за археолошките истражувања на локалитетот Градиште во с. Црнобуки;
Обезбедивме 4,2 милиони денари за конзерваторски и реставраторски работи на ентериерот на Јени џамија (12 милиони денари за три години);
Со 2 милиони и со 2,5 милиони денари се реализираа и проектите за конзервација и реставрација на фасадите на Спомен-куќите на македонските револуционери Гоце Делчев и Стив Наумов.
Ова се конкретни чекори со кои ја враќаме грижата за културното наследство таму каде што и припаѓа, во центарот на институционалното внимание.
Потпишан договор за реализација на капиталниот проект за реконструкција, санација и адаптација на објектот на поранешното кино „Партизан“, вреден 94 милиони денари. Овој објект кој со децении е нефункционален и служи како простор за складирање, до 2027 година треба да прерасне во мултифункционален културен објект.
Министерството за култура и туризам останува посветено на унапредување на културaта. Спремни сме да вложуваме во реални проекти, со конкретни резултати. Времето на празни зборови остана зад нас. Заедно, отвораме ново поглавје за културата во Битола!” – истакна министерот Љутков.
Поради промена на планот за лекување на две годишна Дина, потребно е да се направи итна операција за отстранување на тумотор во главата која чини 23.000 евра, а потоа за да се постигне поголем ефект добро би било да се направи и радијација. Секоја ваша помош е добредојдена! Телеком – 143 133 А1 – 143…
Сопствениците на прилепска „Футура” се домаќини на годинешната градска слава св.Никола. Уште кога “Футура” го презеде кумството, Тони Тарунџиоски, еден од сопствениците на фирмата „Футура“, потенцираше дека тој и неговиот колега Душан Качкиноски ќе направат се’ за да ја оправдаат довербата и да ја продолжат традицијата на славење на Свети Никола, како патрон на градот….
Oсновите прилепски училишта „Рампо Левката“ и „Добре Јованоски“ денеска ги слават своите патрони! Денешниот ден нè потсетува и асоцира на светлината на знаењето и образованието, и на долгата и горда историја на нашата борба за слобода и правда.На овој ден, оддаваме длабока почит на нашите народни херои, Рампо Левката и Добре Јованоски, кои се симболи…
Грција се дефинира како популарна туристичка дестинација, односно како земја која мошне често ја бираат туристите од сите краеви ширум светот. Оваа земја се карактеризира со голем број на населени острови кои што се опкружени со кристална вода, плажи со светски квалитет и сочувана природа.Како најблиска, а воедно и прекрасна туристичка дестинација токму е Грција,…
Во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност, во насока на поддршка на одржливото размислување и живеење, компанијата Аутомакедонија АД Скопје во Прилеп го претстави електричниот автобус Isuzu Novociti Volt. Граѓаните на Прилеп денес имаа можност да се возат во електричниот автобус како редовна градска линија и да се запознаат со предностите кои ги…
Вевчански карневал – најпознатиот вевчански бренд, традиционално и оваа година се одржа изминатиот викенд, односно на 12-ти, 13-ти и 14 Јануари. Нема потреба од премногу објаснување и асоцијации, штом се спомене Вевчани, веројатно веднаш на сите им асоцира на ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ, кој традиционално се организира пред Василица. Така е со векови, а можеби и со…