|

Милан Бичанин со неговиот брат Иван преку еден современ начин на менаџирање создаваат врвен квалитет за секој производ

Сподели го ова:


Кога зборуваме за пазарот во цела Европа, синоним за квалитет и автентичност- кога станува збор за најквалитетна суровина и нејзина преработка со најмодерна технологија, претставува „BIMFOOD“ДОО. Врз основа на нивната долга работна традиција во однос на преработка и пакувањето, денес „BIMFOOD“ДОО преставува една од лидерите за собирање, преработка, пакување и дистрибуција на печурки и останати шумски плодови, како во реонот на нашата земја, така и во самиот Балкан. Зад оваа компанија стои успешен деловен човек Милан Бичанин, па врз основа на тоа бидејќи нашиот портал секогаш остава простор само за најуспешните, денешното интервју го направивме токму со Милан кој што е главен директор на „BIMFOOD“ДОО-Прилеп.

Откако како добри домаќини не пречекаа, удобно не сместија и не почестија  во нивните канцеларии, време беше да го започниме интервјуто со Бичанин- човекот кој што направи денес „BIMFOOD“ДОО да претставува една успешна деловна приказна. На прашањето како Милан го постигна овој голем деловен успех, самиот тој изјави:

Секој успех се постигнува со голема работа, посветеност и труд. Ако дојдете од странство и да вложите во оваа земја, потребен е голем труд за да успеете, меѓутоа ние со голема енергија и со голема желба за успех успеавме преку нашата компанија да направиме некоја сопствена – препознатлива позиција на пазарот на шумски печурки, овошје и зеленчук. Во принцип ние како компанија сме 50-60 години во овој бизнис, меѓутоа 2006-2007 дојдовме во Македонија. Освен во Македонија, имаме компании во Романија, Србија и Босна и Херцеговина.

Милан заедно со неговиот брат Иван, се вистински професионалци кога станува збор за работата и посветеноста кон вработените во компанијата. На прашањето каков е нивниот став како компанија кон нивните вработени, Бичанин одговори:

Ние имаме добра комуникација со нашите вработени, ги слушаме нивните совети и нивните барања,  па врз основа на нашите можности секогаш им излегуваме во пресрет. За да се успее во еден бизнис, потребна е константна координација со своите вработени, како и постојано да се слушнат нивните барања и да се почитуваат нивните права. Тргнувајќи од ова наше главно – основно мото, ние денес имаме изградено одличен однос кон нашите вработени, па како резултат на тоа, денес имаме квалитетна меѓусебна соработка.

На прашањето колку корона кризата се одрази врз работењето на нивната компанија, Бичанин нагласи:

Ланската година за нашата компанија и покрај корона кризата,  беше доста успешна, а успехот го базираме пред се заради успешниот род на производите кои ги преработуваме. Меѓутоа корона кризата имаше големо влијание врз нашиот бизнис, бидејќи нашите производи ние ги продаваме на голем број на компании во Европа како што се хотели и ресторани, односно на компании кои што беа најмногу финансиски погодени во корона кризата. Врз основа на ова, имавме голем застој во продажбата на еден дел од нашите готови производи, меѓутоа се надеваме дека вториот дел од оваа 2021 година ќе биде многу подобар и дека состојбата со короната ќе се реши, и дека ситуацијата пополека ќе започне да се враќа во нормала.

Целосното производство, односно 100% од нивното производство се пласира во Европа, бидејќи нивните производи се барани во ЕУ пред се заради нивниот врвен квалитет и големите производни стандарди кои ги исполнува „BIMFOOD“. На прашањето во кои европски земји „BIMFOOD“ најмногу го пласира своето производство, Бичанин изјави:

100% од нашето производство оди во земјите на ЕУ. Италија ни е најголем потрошувач на замрзнати печурки од сортата врган, меѓутоа исто така доста работиме со замрзнато овошје и зеленчук кое што најмногу го пласираме во Германија. Исто така присутни сме и на Францускиот, Белгискиот, Шпанскиот, Австрискиот пазар, како и во пазарите на голем број други земји ширум Европа.

Милан Бичанин, заедно со неговиот брат Иван секогаш важат за луѓе кои што ја пратат модата. На прашањето кој се грижи за нивниот изглед, Бичанин со блага насмевка изјави дека кога станува збор за изборот на облека, самите тие се грижат за тоа, меѓутоа тука пресудно влијание има изборот и мислењето на нивните сопруги кои даваат совети околу изборот на облека.

Милан и неговиот брат Иван исто така секогаш знаат да препознаат што е тоа уметност. Најголемиот естрадниот уметник од Прилеп – Гоце Илиески Балада, човекот кој пишува текстови и музика за најголемите музички македонски ѕвезди, постојано на неговите културно-уметнички настани нагласува дека Милан Бичанин и неговиот брат претставуваат деловни луѓе кои освен што поседуваат голем талент за менаџирање, самите тие поседуваат и голем талент за уметност, при што како резултат на ова, самите тие за една секунда можат да препознаат квалитетен културно уметнички настан или пак да препознаат што е квалитетна музика. Во однос на ова, Бичанин изјавува:

Луѓето од Македонија и Србија кога станува збор за вистинска уметност и музика, секогаш знаат да препознаат што е она квалитетно, бидејќи ние како два слични народи го имаме оној т.н. балкански современ металитет кој секогаш ужива во култура, во музиката и дружењето. Во однос на Гоце Илиески Балада, Бичанин изјавува дека Гоце Балада е нивен драг пријател кој што се занимава со квалитетни уметнички и музички проекти, при што тие како компанија секогаш ги поддржуваат неговите настани.

На прашањето каде е поубаво за живеење, дали во нивниот роден крај во Србија или пак тука во нашата земја, Бичанин изјавува:

Менталитетот помеѓу двете земји е многу сличен. Ние многу брзо се вклопивме во оваа земја и во оваа средина бидејќи имаме речиси идентичен менталитет, па врз основа на тоа кога сме во Македонија ние се чувствуваме исто како да сме дома. Убаво ни е тука, а убаво ни е и кога ќе си појдеме дома во Србија, меѓутоа како и да е, Македонија и Србија се две слични земји кои што нудат голем број на предности и убавини.

На нашето прашање, каков е предизвикот да се работи во нашата земја, и дали Бичанин смета дека тука има добри бизнис услови за работа, самиот тој истакнува:

Идеални услови за бизнис нема никаде, меѓутоа сите ние заедно треба да се грижиме секогаш самите тие услови заеднички да ги подобруваме во самото општество. Меѓутоа и покрај се, може да се констатира дека условите за работа во оваа земја се прилично добри доколку правилно се менаџира со една компанија.

„BIMFOOD“ во нашата земја важи за корпоративна општествена одговорна компанија која знае да помогне буквално баш секаде. За прилепската болница дадоа една поголема финансиска сума, се со цел поуспешно справување со ковид кризата. Во однос на ова Бичанин изјавува:

Ние во Прилепската болница имаме помогнато 2-3 пати, помагаме секаде каде што можеме, на голем број на места. Е сега не е благодарно јавно да кажеме каде сме помогнале, бидејќи не сме луѓе кои сакаат да се рекламираат во јавноста преку своите добри и хуманитарни дела кои ги прави нашата компанија. Меѓутоа како и да е, знаеме да помогнеме во вистински момент, секаде – онаму каде што е најпотребно.

„BIMFOOD“ е компанија која што не е фокусирана само кон сегашноста, туку преку својот современ начин на функционирање и менаџирање, „BIMFOOD“ како компанија секогаш прави планови и за иднината. Го запрашавме Бичанин кои се неговите планови за во иднина, при што самиот тој изјави:

Првиот план ни е да се излези од оваа корона криза, што моментално сметам дека е најбитно, како и да ја сочуваме добрата кондиција на нашата компанија на самиот пазар. Сметам дека овој период, односно посебно оваа година и следната, ќе бидат најбитни во однос на тоа компаниите да ја сочуваат добрата кондиција. Исто така нашите идни планови се насочени кон подобрување на квалитетот на производите и стандардите во процесот на производство. Во иднина, исто така  размислуваме да влеземе на балкански пазар со сопствени брендови на нашата компанија.

Да токму така, оваа компанија е препознатлив бренд за квалитет низ голем број на земји ширум Европа.  „BIMFOOD“ претставува успешна бизнис приказна за човек како Милан Бичанин кој што преку еден современ начин на менаџирање, создава врвен квалитет на секој производ, квалитет од кој што се задоволни сите нивни потрошувачи насекаде низ Европа. Секоја чест за Милан и Иван!





Сподели го ова:

Слични објави