Михаилов за пожарите во прилепско: Повеќе од 200 лица моментално се на терен – се работи ефикасно, посветено и одговорно!

Сподели го ова:





























Координативното тело на Кризниот штаб во проширен состав со претставници од сите релевантни фактори поради алармантната состојба со пожарот во мариовскиот крај утрово повторно заседаваше, под координација на претседателот на Советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец, како началник на Кризниот штаб. Присутен на овој состанок беше и заменик ген. директор на ЈП “Македонски шуми” Кире Михаилов, кој што неуморно цело лето постојано се бори со пожарите низ цела Македонија, и дава конкретни насоки за кординација при гаснење на пламените јазици. За нашиот информативен портал истакна дека “Повеќе од 200 лица моментално се на терен – се работи ефикасно, посветено и одговорно!” – нагласи Михаилов.

Повторно беше разгледана актуелната состојбата и беше заклучено дека сите институции се максимално ангажирани и координирани заеднички со единствена цел, локализација на големиот пожар.

Пожарот се одвива во атарот на селата Бонче, Крушејца, Пештани, Дуње и Кален. Рано наутро на местото на пожарот пристигнаа 25 полициски тигри, 70 припадници на македонската армија, 40 вработени во Национални шуми, како и повеќе од 60 пожарникари.

Повеќе од 200 професионални пожарникари, припадници на Армијата, припадници на Полицијата, вработени во Национални шуми се моментално на терен!




Сподели го ова:

Слични објави