Мицкоски: Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија

Сподели го ова:





























Денеска во 20 часот ВМРО-ДПМНЕ ќе одбележи 36 години постоење на стадионот „Младост“ во Струмица, каде ќе се одржи голем народен собир под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“,

“Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија – идеја која ги обедини сите оние кои веруваа дека оваа држава има право на сопствен пат, на сопствен глас и на сопствена иднина. Денес, 36 години подоцна, го одбележуваме патот што заедно го изодевме, сите предизвици што ги надминавме и сите победи кои ги остваривме како народ. Во овие 36 години имавме и тешки моменти и големи искушенија. Имаше периоди кога требаше да се брани државата, кога требаше да се зачуваат националните интереси и кога требаше да се покаже карактер и истрајност. Државата кога беше одземена и требаше да стане повторно ваша. Секогаш кога било најтешко, силата доаѓала од народот. Од граѓаните кои верувале во Македонија и кои никогаш не се откажале од неа” – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер на Македонија, Христијан Мицкоски.




Сподели го ова:

Слични објави