Мицкоски од Прилеп: “Слава на хероите од Карпалак кои загинаа во кукавичка заседа”

Сподели го ова:




Денеска во Прилеп беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Со искрено срце, говор и мисла, оддаде почит на загинатите бранители, при што веднаш после тоа-изјави: “Најпрво слава им на паднатите на Карпалак кои што трагично го загубија својот живот во заседа бранејќи ја Македонија, бранејќи ја слободата на Македонијa и уставниот поредок.Слава им на овие десетмина прилепчани кои што прерано го загубија својот живот, хероиски се разбира. Ова што денеска го видовме овде во Прилеп од страна на претставниците на локалната самоуправа и на владата, претставува еден исклучително лицемерен чин кон жртвата на овие луѓе, бидејќи ако навистина се сеќаваа на минатото и жртвата која што во минатото голем број Македонци ја дадоа за Македонија, тогаш во најмала рака денеска ќе се извинеа за сето тоа што го правеа и го прават овие 4 години, не само во Македонија, туку и тука во Прилеп.Но, за жал како што тоа често пати бива, тие ја испуштија оваа шанса. Иако најмалку денешниот говор на претставникот на владата претставува еден вид каење за стореното изминатите 4 години, тогаш јас како човек, еве можам да кажам дека делумно им простувам за сето зло што го нанесоа во Македонија изминатите 4 години.Но, нема да им простиме ниту ние како ВМРО-ДПМНЕ, ниту граѓаните на следните избори бидејќи масовно ќе ги поразиме, а потоа се разбира нема да ја заборавиме одговорноста за стореното изминатите 4 години.Но, да се вратам на суштината, 20 години изминуваат од трагично загубените животи  на нашите браќа, другари, пријатели, прилепчани, Македонци кои што борејќи се храбро го изгубија својот живот, се разбира од кукавичка заседа бидејќи тие кои што ја подметнаа таа заседа, гради во гради знаеја дека ќе бидат поразени.Уште еднаш слава им, и нека делото кое што тие го сторија за Македонија и Македонците остане вечно запаметено”-изјави Христијан Мицкоски-човекот во кој што моментално народот има најголема доверба, а сето тоа ќе се покаже и на изборите што доаѓаат.





Сподели го ова:

Слични објави