Мицкоски најави нова инвестиција на почетокот на Септември

Сподели го ова:


























Премиерот на Република македонија Христијан Мицкоски изјави дека во првата недела од септември ќе биде поставен камен темелник на нова инвестиција во државата.

Очекувам, првата недела во септември да имаме камен темелник на нова инвестиција, со што уште еднаш ќе покажеме посветеност на тоа што ние како Влада го работиме. Сакам да и се заблагодарам на претходната влада што работеле на оваа инвестиција, но било потребно да се промени владата па оваа инвестиција да биде реалност… Фирмата „Ипсотек“ ја најавивме кога станавме влада. За неколку недели оваа инвестиција ја ставивме во функција, а последно што знам е дека е добиено мислење од Комисијата за заштита на конкуренцијата и многу скоро, за неколку недели, ќе имаме и камен темелник на оваа институција. Исто така, има две инвестиции на постојани компании што очекувам да бидат потврдени до крајот на годината. Станува збор за огромни компании кои веќе се присутни кај нас, огромни инвестиции кои значително ќе влијаат врз БДП – истакна Мицкоски.




Сподели го ова:

Слични објави