Мицкоски:Имаме ново парламентарно мнозинство

Сподели го ова:


“Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство”– напиша Мицкоски вечерва на Facebook, а воедно објави фотографии каде што заедно со него на иста маса се сликани и Димитар Апасиев, на Алтернатива на албанците Африм Гаши, како и генералните секретари на Беса и на Алијанса на Албанците, Аријанит Хоџа и Арбен Таравари… Врз основа на моменталниот распоред на пратениците во Собранието, може да се заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Беса и Алијанса – Алтернатива имаат 61 пратеник, а се очекува ова мнозинство деновиве да се зголеми.





Сподели го ова:

Слични објави