Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања ќе одржи нов состанок

Сподели го ова:




Средбата на оваа комисија ќе се одржи во изборен период кога во Бугарија во тек е кампањата како за претседателските, така и за предвремените парламентарни избори, што се закажани за 14 ноември. На претходниот состанок кој што се одржа во јуни оваа година, од македонскиот тим потенцираа дека на последната средба ги имале најтешките разговори кои што биле до досега. На првиот ден тема на дискусија тогаш беа учебниците за учениците по историја, како и усогласувањето на сите оние препораки за нивно подобрување. Во однос на ова, двете страни разменија неколку предлог идеи како да се изнајде конкретно решение, меѓутоа сето тоа денес е без успех. Иако двете комисии од македонска и бугарска страна најавуваат дека ќе изнајдат решение за проблемот, тоа најверојатно нема да се случи, бидејќи моментално е изборен период од двете земји, и политичарите од двете земји најавуваат се и сешто во корист на сопствената земја, се со цел прибирање на политички поени, меѓутоа пак ќе потенцираме, проблемот и понатаму најверојатно ќе продолжи да “стои во место”.





Сподели го ова:

Слични објави