МАВРОСКИ: СТЕВО НАМЕСТО ПРОМОТОР НА КУЛТУРАТА САМИОТ Е НАЈГОЛЕМА СТРАТЕШКА ГРЕШКА И ПРОМАШУВАЊЕ

Сподели го ова:






























Кандидатот Стево Пендаровски, обичниот статист на Водно, кој што во целиот петгодишен мандат нема ни П од претседател, за жал, заедно со неговите поддржувачи од СДС е најголемата стратешка грешка и промашување.

Со прст не мрдна да ја одбрани честа и достоинството на Македонија, беше целосно инертен кога на граѓаните им требаше заштита во сите кризи кои не зафатија, како последица од оваа страшно неспособна, корумпирана и криминална власт.

Стево не направи ништо и во делот на културата, која за Битола, како многувековен културен цивилизациски центар е пресудна и може да има клучна улога во градењето цврсти мостови на меѓународни пријателства и соработка.

Пресудна е и во промовирањето на Битола, пресудна е и во достоинственото претставување на Македонија во меѓународни рамки.

Стево ќе го паметиме по бледилото со кое го одбележа покровителството над неколку традиционални настани, без никаква иницијатива и културна промоција во светот.

Македонија, нема друг избор, освен борбата за сопствената гордост и достоинство преку врвните цивилизациски културни придобивки и презентација на живата македонска културна креација на светската сцена.

Македонија ја има последната шанса тоа да го обезбеди единствено со Гордана Силјановска Давкова како претседател.

Почитувани, да ја направиме ЗАЕДНО Македонија повторно горда, со Гордана претседател!




Сподели го ова:

Слични објави