МАРИОВО ГОРИ! Помош пристигнува од сите страни!
Мариовскиот дел на Прилеп доживеа невидена катастрофа, каква што не се памети досега. Пожарот се одвива во атарот на селата Бонче, Крушејца, Пештани, Дуње и Кален. Рано наутро на местото на пожарот пристигнаа 25 полициски тигри, 70 припадници на македонската армија, 40 вработени во Национални шуми, како и повеќе од 60 пожарникари.
Утринава заедно со заменик директорот на ЈП Национални шуми- Кире Михаилов, при нашата посета дониравме флаширана вода за пиење и храна, која е потребна за луѓето кои деноноќно се борат со оганот. А со локалните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Проданоски, Петар Ристески, и реалниот сектор дониравме техничка опрема и рачен алат кои им се потребни за спречување на ширењето на пожарот.
Од страна на ТППЕ Прилеп интервенирано е со сите расположливи човечки и материјално-технички ресурси, а на терен се моментално и вработени во Национални шуми, пожарникари од неколку општини, припадници на Армијата и припадници на Полицијата! Пожарникарите и доброволците од граѓаните кои се на првата борбена линија со пожарот, ја имаат нашата почит и благодарност! – истака прилепската пратеничка Билјана Кузманоска.
