Македонија вечна! По повод денот на независноста, АРМ со почесна артилериска стрелба
Во пресрет на Денот на независноста на нашата земја, денеска во скопската касарна „Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба.
Почесната стрелба започнува денеска во 19 часот, со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Оваа стрелба, претставува дел од протоколарните обврски на АРМ за одбележување на празници.
