Македонија се покажа како добар домаќин на Летниот европски младински олимписки фестивал на којшто се собраа околу 4000 спортисти
Голема е честа да се биде земја домаќин на Летниот европски младински олимписки фестивал на којшто се собраа околу 4000 спортисти коишто ja манифестираат убавата страна на сегашноста и ја гарантираат светлата иднина на европскиот и на светскиот спорт.
Летниот европски младински олимписки фестивал е врвен спортски чин, симбол на младост и на витештво во натпреварувањето, генератор на заедништво и на солидарност, креатор на европски културен и спортски дијалог.
Неспорно е дека спортот има огромна моќ да обединува, да ги брише расните, етничките, верските и социјалните разлики, да овозможува рамноправна битка, од која, без оглед на конечниот резултат, сите учесници се морални победници.
