Локализиран пожарот кај Кочани

Сподели го ова:




Во текот на ноќта е локализиран пожарот кај Кочани, при што истиот е ставен под контрола. Околу 500 припадници на територијалните противпожарни единици од повеќе градови, месното население и Армијата, учествуваа во гаснењето на оваа огромна огнената стихија која што сериозно ги загрози населбите на западната страна од градот. Рано изутринава во селото Тркање сѐ уште се забележува чад од огнот. Денеска ќе се гасне огнот во атарот на селото Костин Дол.





Сподели го ова:

Слични објави